|

КРИУМЧАРИ ТЕПАЛЕ МИГРАНТИ ЗА ДА ИЗВЛЕЧАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД НИВ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истражна постапка против четири лица, тројца пакистански и еден македонски државјанин, за криумчарење мигранти, пренесува Лидер.

На тројца од осомничените им е одреден триесетдневен притвор, а на еден мерка куќен притвор.

– Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Лицата, еден македонски и тројца пакистански државјани се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „Криумчарење мигранти“ предвидено и казниво по член 418 – б став 3 во врска со став 2 и 4 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

Кон крајот на октомври и почетокот на ноември, осомничените, заедно, по претходен договор, прифаќале мигранти и ги сместувале во куќата на осомничениот македонски државјанин. Кога мигрантите ќе посакале да си заминат, осомничените Пакистанци со намера да извлечат дополнително пари од мигрантите, постапувале понижувачки и сурово кон нив.

Тие ги принудувале жртвите телефонски да стапат во контакт со свои роднини кои веќе биле заминати во западноевропските земји и да бараат роднините да префрлат пари на сметки што осомничените им ги посочувале. Ако за определено време не биле испратени парите, жртвите биле тепани и малтретирани со палки и шипки.

Слични Објави