|

ЕУ ЌЕ ФОРМИРА ПОСЕБНО ТЕЛО ЗА БОРБА ПРОТИВ ПЕРЕЊЕТО ПАРИ

Европската унија ќе формира централно тело за борба против активности на перење пари, со цел спречување на протокот на „валкани пари“ преку нејзините банки.

Министрите за финансии се очекува официјално да ја овластат Европската комисија да даде препораки за ново „независно“ извршно тело со „директни овластувања“, се вели во нацрт-изјавата, што треба да биде одобрена на состанок во декември.

Мисијата на телото е да биде полициска финансиска институција во согласност со правилата на ЕУ за длабоки проверки на купувчи и други гаранции. Најгласни во застапувањето за ново тело за да се избегнат нови кризи се Франција и Холандија.



Слични Објави