ОСМАНИ: ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ГИ ЗАЦВРСТИ ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

//

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Мирослав Лајчак.
„Интеграцијата на Северна Македонија, но и на земјите од регионот во ЕУ, претставува значаен елемент во изградбата на постабилна, побезбедна и попросперитетна Унија, и во оваа насока, почетокот на преговорите со Северна Македонија, претставува значаен израз на европските перспективи на целиот регион“, истакна Османи, изразувајќи притоа благодарност до Министерот Лајчак за силната словачка поддршка за европската интеграција на земјава, особено од аспект на последната иницијатива на дел од земјите – членки, меѓу кои и Словачка, преку заедничка декларација јавно да ја демонстрираат поддршката за европските интеграции на земјава и регионот.
Вицепремиерот Османи посочи и на континуираната политичка и економска билатерална поддршка од страна на Словачка, која во овој период има особено значење за евроинтегративниот процес, во реализација на Европското движење на Северна Македонија со поддршка на УСАИД и Амбасадата на Република Словачка.





Претходна статија

ТРЕТАТА СМЕНА НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГИ ИСЧИСТИ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ КАЈ МРТ

Следна статија

„НЕ САКАМ ПОВЕЌЕ ДА ИГРАМ ЗА ПСЖ, САКАМ ДА СЕ ВРАТАМ ДОМА“

Најново од Вести