ВО СКОПЈЕ УТРОВО ПОВТОРНО НАЈЗАГАДЕНО КАЈ РЕКТОРАТ
Благодарение на врнежливото и ветровите време загадувањето во главниот град е на пониско ниво, па скопјани последниве неколку дена можат да земат здив. Утрово индексите на мерните станици се под дозволената граница од 50, а денеска квалитетот на воздухот е најлош кај Ректоратот – 47.
По Ректоратот воздухот во Скопје и околните општини најзагаден е во Миладиновци со – 27 и Центар со 26.

