| |

ГДУ-ОХРИД: НЕКОЈ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА ИСТРУЕНИТЕ КУЧИЊА!

„Со голема доза на вознемиреност и огорченост ги проследивме настаните кои се случија изминатите денови.Искрено посакуваме и се надеваме дека такви дејствија нема да се повторат и не смеат да се повторат. Труењето на кучињата е недозволен чин и треба да се одговара за тоа. Не е решение и не смее да се дозволи да се повторат ваквите дејствија.

Проблемот се знае од каде доаѓа и како се решава и кој треба да го реши, но за жал народот се повеќе се дели и цепка и меѓусебно се навредува, бранејќи ги секој своите ставови. Во овој случај се засегнати сите страни и за љубителите на кучињата, за загрижените родители, за луѓето кои имаат фобија и кои не се големи љубители итн. Решението е многу едноставно, само треба некој да си ги исполни ветувањата кои ги дал пред изборите!

Иако во неколку наврати апелиравме и баравме да се преземат итни мерки, со намера да не дојде до вакви појави кои не се новитет во градот, но од Општината како и секогаш така и сега одговорот е ист.
Имено градоначалникот како и секогаш во неговата изјава малку тажеше и малку напаѓаше. Редно време е од партијата да му напишат два реда и да ги пуштаат во секоја прилика кога се бара одговор од него. ЌЕ БИДЕ, ДПМНЕ Е КРИВО И ПРЕТХОДНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ КРИВИ. Народот го постави за да се грижи и да ги решава проблемите, а не да жали и да бара кривец, но како и годините наназад сценариото е исто.

Од другата страна пак ДПМНЕ обвинува ли обвинува, напаѓа ли напаѓа и по малку жали. Па да ги прашаме, зошто не го решија проблемот со кучињата скитници? Дали 4 години не им беа доволни?
Доста глумите загрижени и жалите, знаеме за што жалите. Само за дебелата фотелја и парите на граѓаните“, се вели во соопштението на ГДУ-Охрид.

Слични Објави