„РОНАЛДО ПЛАЧЕШЕ НА ТРЕНИНЗИ ПОРАДИ ВАН НИСТЕЛРОЈ, А НА СИТЕ НИ БЕШЕ ЈАСНО И ЗОШТО…“
Кристијано Роналдо повеќе од десет години игра на врвно ниво, а тоа го покажуваат и резултатите. Португалецот му се претстави на светот во 2003 година кога од Спортинг Лисабон се пресели во Манчестер јунајтед.
Роналдо дојде да учи од Сер Алекс Фергусон, а на крајот порасна во еден од најдобрите фудбалери во историјата. Меѓутоа, на Португалецот не му било едноставно на „Олд Трафорд“, зашто дојде во тим кадешто во моментот имало врвни фудбалери и морал да се докажува секој меч.
Во интервју за медиумите поранешниот фудбалер на Јунајтед, Саха, кажа дека Роналдо бил раззочаран со однесувањето на Руд Ван Нистелрој, па често плачел на тренинг.
„Ван Нистелрој имаше его затоа што сакаше сите топки да одат кон него. Поради тоа тешко напредува Роналдо и Руни, а Роналдо често плачеше поради него на тренинзите. Тоа беше кога почина неговиот татко и често се караше со Руд, кој не разбираше што се случува. Верувам дека Руд сега жали поради секој збор кој му го кажал на Роналдо“, открива Саха.
Извор: Спорт1
