ГДУ-КУМАНОВО: НА ХАРТИЈА АСФАЛТИРАН ПАТ ИМА, НО ВО РЕАЛНОСТ НЕМА
„Го гледате ли мостот пред вас? НЕ! Епа тука требаше да има мост. Ваква е ситуацијата и со патот кон селото Буковљане. Видно од сликите кои ни ги доставија нашите граѓани, патот овде го НЕМА. А според документите и исплатата тука има трасирано и асфалтирано пат кој селото ќе го спои со другите села и општините Старо Нагоричане и Куманово.
Епа сега на кого да се верува? На оние што на лице место не гледаат пат и не можат да возат по него или на оние кои за перење пари и местење тендери велат дека овде има и те како убав пат? Некој лаже. Некој меѓу нас не е наш.
Уште еднаш на дело се покажа дека не е се онака како што ни се прикажува. Она на што ние, Граѓанско Демократска Унија- Куманово како политички чинител укажуваме веќе долг период се покажа како гола вистина.
Тендерите се местат само за малата инволвирана група, која на грбот на граѓаните си зема пари од буџетот, а корист за нас-никаква. Документацијата си ја прилагодуваат на потребите и со единствена намена-исплата на трошоци, кои не само што не се оправдани, туку се непостоечки. Една основа за кривични пријави плус.
ГДУ Куманово ви стои на располагање и за споделување на нови вакви информации, но и за дебати каде и зошто ни се одлеваат парите од буџетот. Имаме аргументи и со нив истапуваме пред вас. Вистината е нашето оружје“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.
