РОНАЛДИЊО: НЕ МОЖАМ ДА КАЖАМ ДЕКА МЕСИ Е НАЈДОБАР НА СИТЕ ВРЕМИЊА!
Откако ја освои шестата „златна топка“, Лионел Меси повторно се најде во фокусот на вниманието за вечната дебата дали аргентинскиот фудбалски велемајстор е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Неговиот поранешен соиграч и еден од фудбалските виртоузи во новата ера, Роналдињо посочи дека не е сигурен дали Меси е подобар од Пеле, Марадона, но секако потенцира дека во својата ера е – број еден.
„Драго ми е што Лео ја освои шестата ‘златна топка’, зашто ми е голем пријател. Искрено јас не сакам никакви споредби, а и тешко е да се каже кој е најдобар во историја. Пеле, Марадона, Роналдо, Меси… Не можам да кажам дека Лео е најдобар во историјата, ама секако дека е најдобар во својата ера“, вели Роналдињо.
Бразилската ѕвезда има една „златна топка“ од 2005 година.
Извор: Спорт1

