НА ПРЕМИНОТ ЌАФАСАН УАПСЕН АЛБАНЕЦ БАРАН ОД ГЕРМАНСКИОТ ОДДЕЛ НА ИНТЕРПОЛ
Албански државјанин на возраст од 32 години вчера, во доцните вечерни часови, бил уапсен на граничниот премин Ќафасан.
Како што информираат од МВР, при извршена проверка било констатирано дека за него била распишана мерка „апси“, по барање на Интерпол Германија.
Албанецот бил предаден во полициската станица Струга за понатамошна постапка.
