| |

САД: ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ ГО ОТПОВИКА ТРАМП, НА РЕД Е СУДЕЊЕ ВО СЕНАТОТ

Претставничкиот Дом на американскиот Конгрес изгласа постапка за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Тој се товари за злоупотреба на службената должност и попречување на конгресна истрага.

Гласањето, според светските медиуми, започнало во два часот по полноќ по европско време на кое му претходеше целодневна дебата во која законодавците беа партиски поделени што се преслика и во гласањето.

Прво се гласаше по точката за злоупотреба на власта за што беа потребни 216 гласа за Трамп да биде отповикан. „За“ гласаа 230 претставници, а „против“ 197 меѓу кои двајца демократски конгресмени додека единствениот независен се придружи кон демократите. Ниту еден конгресмен од Републиканската партија, чиј кадар е Трамп, не гласаше против.

И веќе по гласањето по првата точка, Трамп, инаку 45. претседател на САД, стана трет во историјата за кого е изгласано отповикување.

Втората точка за претседателот Трамп се однесуваше на негово попречување во работата на Конгресот за време на истрагата за телефонскиот разговор со украинскиот колега, Володимир Зеленски. И по ова прашање позитивно се изјаснија 229 конгресмени, сите републиканци беа против, а кон се приклучија и тројца демократи додека еден беше воздржан.

Слични Објави