| |

ЈАНАКИЕСКИ ЗА „ТНТ“: МАГАРЕТО ГО НЕМА ПА УДРИВТЕ НА САМАРОТ

„Магарето замина, сега се удира на самарот”, рече Јанакиески за време на судењето за предметот „ТНТ” на СЈО, за рушењето на „Космос“, што продолжи денеска.

Ексминистерот рече дека фамилијата Цаноски како бизнисмени биле такви што постојано сакале да кокетираат со обвинители и судии и на почетокот биле силни поддржувачи на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанакиески додаде дека Фијат Цаноски имал интензивна комуникација од април 2010 до август 2011 година со првообвинетиот, Никола Груевски, кој како што кажа, за жал, не бил во судницата.

„Тој објект е дивоградба. И сега гарантирам за тоа”, кажа ексминистерот.



Слични Објави