УБАВИНИТЕ НА ШВАЈЦАРИЈА ВО 15- МИНУТНО ВИДЕО
Швајцарија е земја која се наоѓа во Централна Европа. Земјата граничи со Германија на север, Франција на запад, Италија на југ, и Австрија и Лихтенштајн на исток. Швајцарија е земја која нема излез на море. Околу 30% од нејзината територија е покриеа со планини. Во умерените реони околу Алпите, температурите се многу ниски поради висините. На поголемите висини на планините, снегот останува преку целото лето. На падините се создаваат микроклиматски услови, а по долините дуваат ветрови. Летата во Швајцарија се топли и влажни со повремени дождови, а наспроти тоа зимите се студени со големи врнежи од снег. Погледнете ги убавините на Швајцарија во следното видео:
