СВИНСКО МЕСО СО СОС ОД ВИНО
Состојки:
1 кг. свинско месо / цело парче бут /
50 гр. маргарин
1 главица кромид
1 ловоров лист
1-2 чешниња лук
100 мл. црвено вино
1 кг. домати
1 коцка пилешка супа
1 кг. компири
сол
црн бибер
250 гр. маслиново масло
2 лажици сецкан магдонос
Подготовка:
Измијте го и исушете го месото и потоа испржете го во растопениот маргарин. Месото мора да биде поцрвенето од сите страни.
Извадете го месото и испржете го ситно исецканиот кромид во истата маст. Додадете го мелениот лук, ловоровиот лист и црвеното вино.
Почекајте да се преполови течноста, па ставете ги и исечените домати, пилешка коцка за супа и ½ чаша врела вода. Вратете го месото внатре и оставете да врие. Потоа ставете ги состојките во тава и во загреана рерна, оставете да се готви јадењето околу еден час.
Излупете ги компирите и сврете ги во солена вода. Истурете ја водата и направете густо пире, додавајќи маслиново масло.
Зачинете со сол и мелен црн бибер. Готовото месо исечете го на парчиња и сервирајте го со пирето од компири.
На здравје!

