ВУЛИН: СРБИЈА НЕМА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД НАТО, ДОДЕКА ВУЧИЌ Е НА ВЛАСТ
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, рече дека Србија нема да стане дел од НАТО додека Александар Вучиќ и ова парламентарно мнозинство се на власт, јавува белградската телевизија Б92.
„Ние соработуваме со НАТО, но и со Колективниот договор за безбедност, кој не бара од нас да се откажеме од дел од нашата територија“, рече Вулин пред парламентот.
За следните години, тој најави спроведување на првите воени вежби со Кина. „Следната година ќе одржиме воени вежби со Кина. Никогаш порано не сме го сториле тоа и ќе биде корисно за нас да научиме како тоа го прават Кинезите. Тие не се член на ниту еден воен сојуз и прашање е зошто досега не сме направиле ваква вежба “, рече Волин.
„Воената неутралност е „скапа“, но нема да се откажеме од неа, затоа што „не сте слободна земја ако некој друг ви го чува небото“, рече Вулин.
