(Видео) Кинезкиот воз на Балканот: Орбан-портата кон поделена Европа
Будимпешта, Железничка станица „Келети“. Возовите овде не превезуваат само луѓе и стоки. По шините патуваат и зависности – економски, политички и стратешки, кои ја поврзуваат Централна Европа со Балканот и ја отвораат широко вратата на Кина кон Европската унија. Новиот филм на БГНЕС со автор Димитар Русков открива како мрежа од кредити, проекти и политички сојузи постепено ја менува геополитичката карта на регионот.
Филмот ја следи приказната за тоа како кинеските кредити го шират политичкото влијание на Пекинг преку авторитарните режими во Унгарија, Србија и Северна Македонија. Непрозрачни заеми, потпишувани преку институции како Bank of China, водат кон политички обврзаности.
Во центарот на приказната е железничката линија „Будимпешта–Белград“ – симбол на кинеското настапување преку иницијативата „Еден појас, еден пат“. Експертите предупредуваат дека проектот е скап, непрозрачен и со минимален економски ефект. „Ќе го отплаќаме овој долг стотици години“, вели унгарскиот политичар Мартон Томпош, нагласувајќи ја апсурдноста на трасата, која ги заобиколува клучните унгарски градови.
Градоначалничката на IX реон на Будимпешта, Кристина Барани, предупредува: „Проблемот не е заемот, туку неговите услови.“ Според неа, скриените клаузули и недостигот на јавна контрола врз договорите ја ставаат Унгарија во опасна ситуација. Виктор Орбан е клучна фигура во оваа мрежа. Откако ЕУ ги замрзна европските фондови, тој ја сврте Унгарија кон Пекинг и Москва. Унгарија е плацдарм за кинеските интереси во ЕУ, а филмот покажува како кинески технологии за препознавање на лице, камери и софтвер за следење веќе се користат против демонстранти и опозицијата во земјата. Нелегални кинески „полициски станици“ и шпионска инфраструктура ја претвораат Будимпешта во хаб на контрола и влијание. Беше направен и обид за создавање кампус на кинескиот универзитет „Фудан“, поврзуван со шпионажа и најлошите пороци на комунистичкиот режим во Кина, стопиран поради масовни протести на Унгарците. Аналитичарот Тамаш Матура објаснува дека Орбан гради систем од слични режими, кој го поткопува единството на Европа. Унгарскиот пратеник Акош Хадхази додава дека моделот на Орбан е свесно ориентиран кон Истокот и служи за негово лично опстанување на власт. Новинарот Јожеф Макаи предупредува дека кинеските системи во Унгарија може да се применат за контрола врз граѓаните. Поранешниот пратеник Андраш Фекете-Дјор го опишува контролирањето на медиумите од страна на Виктор Орбан и ширењето на лажни анти-европски вести и наративи.
Во Србија, претседателот Александар Вучиќ ја копира стратегијата на Орбан, користејќи кинески пари за да ја бетонира својата власт. Црна Гора, пак, беше на работ на банкрот поради кредити од Пекинг. Српскиот политолог Вица Митровиќ открива како кинеските компании го контролираат рударството и ја загрозуваат животната средина, како и здравјето на обичните луѓе.
Во Северна Македонија кинеските капитали длабоко навлегле во медиумите и политиката, а проектот „Српски свет“ има за цел засилување на зависноста од Белград. Поранешниот шеф на македонската контраразузнавачка служба Горан Митевски уверува дека Белград, Будимпешта и Пекинг координираат медиумска и политичка контрола врз земјата и упатува апел до безбедносните служби да се спротивстават на странското мешање.
Грција е друга клучна точка. Во 2009 г. кинеската компанија COSCO презема контрола врз 67% од пристаништето Пиреја – стратешка врата кон Европа. Пекинг инвестира и кредитира со милијарди долари во грчкиот поморски транспорт, претворајќи го Средоземноморјето во кинески логистички хаб.
Кинеската стратегија за мегаинвестиции, задолжувања и технолошко проникнување создава спирала на зависност за малите економии на Балканот. Критични транспортни артерии како Коридор 10 може да станат инструмент за политички притисок и закана за воената мобилност на НАТО.
Природното проширување на Европската унија е непосакувано од авторитарните режими во регионот. Филмот на БГНЕС покажува како, зад фасадата на инфраструктурни проекти, се гради нова геополитичка архитектура, во која Кина, Русија и авторитарните лидери на Западен Балкан се стремат да ја прекројат иднината на Европа.

