ВО БОЛНИЦИТЕ „ТЕПАЧКА“ ЗА КРЕВЕТ, ЗА ТЕСТИРАЊЕ СЕ ЧЕКА СО ДЕНОВИ
Околу 700 пациенти со ковид-19 се лекуваат во болниците низ Македонија, а од нив 234 се на кислородна поддршка и 14 на респиратор. Здравствениот систем е оптоварен и мака мачи да ги смести новите заразени на кои им е потребна хоспитализација. Се умира масовно, заразата се шири локално и здравствениот систем е фрлен на колена. За да некој биде сместен во болница, се чека да се ослободи кревет, а во меѓувреме граѓаните се на домашно лекување. Граѓаните се жалат дека здравствениот систем е неспремен да се соочи со напливот на пациенти.
Благојче Петрески од Прилеп тврди дека шести ден неговиот вујко се лекува дома, а нема начин како да му се направи тест, зашто од Центарот за јавно здравје му велат дека тестови немаат.
– Вујко ми е шести ден болен дома и нема како да се тестира зашто во Прилеп нема тестови. Денеска некоја докторка од прилепската болница се јави да му каже на татко ми да го донесе со приватно возило во болницата во Прилеп да му дадат инфузии. Немале да му пратат медицинско возило. Кашла, се гуши, има симптоми, а тие не можат да го тестираат, велат немало тестови во Прилеп. И по пет и десет дена се чека за тестирање. Тоа е проблемот. И така приватните болници го прават профитот, а ние што плаќаме здравствено осигурување во Фондот тоа го правиме за џабе, не можеме да добиеме услуга. Замислете, вујко ми денеска е транспортиран со сите можни симптоми на ковид-19 во болница и тоа во наше приватно возило!? Кој ризик е тоа – раскажува револтирано Петрески.
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Слободен печат
