СИТЕ ПОЧНАА ДА ГО КОДОШАТ БОКИ- ДОМАШНАТА ПОМОШНИЧКА ВЕЛИ ДЕКА КИЧЕВСКИОТ СЕ ОДНЕСУВАЛ КАКО ДОМА ВО СТАНОТ НА ЈОВАНОВСКИ
Драгана К. која работела како домашна помошничка на Бојан Јовановски во денешното сведочење во судот за случајот „Рекет“ рече дека во станот на Јовановски доаѓале Радмила Шекеринска, Катица Јанева, Орце Камчев, Стефан Богоев и Александар Кирацовски и Венко Филипче.
Поранешната помошничка на Боки 13 додаде дека Зоран Милески Кичевскиот бил чест гостин на Јовановски и се однесувал во станот како дома.
Сведокот вели дека приватни разговори не слушала, не видела други парични средства освен оние што ги добивала како хонорар. Рече дека новинари од 1 ТВ доаѓале кај него дома, но разговорите не ги слушала.
