|

ЏОНСОН ГО ВРАТИ ДОГОВОРОТ ЗА БРЕКЗИТ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕБАТИ ВО ДОЛНИОТ ДОМ НА БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон го враќа договорот за Брегзит, постигнат со Брисел, назад во Долниот дом (долниот дом на британскиот парламент) за дополнителна тридневна дебата, во обид да го исполни ветувањето и формално да го повлече Обединетото кралство од Европската унија до 31 јануари, пишува британскиот весник London Evening Standard.

Опозиционите партии доставија бројни амандмани за различни точки во договорот, но со своето мнозинство се очекува владата лесно да ги отфрли во Домот на општините.

Договорот е веќе одобрен со мнозинство од повеќе од 124 гласови. Владата сега ќе сака да продолжи со формалната постапка и расправата за договорот за да може таа конечно да помине во Долниот дом. Потоа, ќе се гласа и во Домот на лордовите, што ќе се случи следната недела. Кабинетот на Џонсон очекува договорот да помине во парламентот до крајот на месецот.



Слични Објави