ИРАН ГО ОБЈАВИ ПЕНТАГОН ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
Иранскиот парламент усвои предлог-закон, кој го дефинира американското министерство за одбрана како терористичка организација. Предлог законот се донесува како резултат на воздушниот напад изведен од американската армија во кој загинаа командантот на специјалната единица „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда, генерал Касем Солејмани и еден од водачите на шиитските милиции во Ирак, Махди Ал Мохандис.
Според законот, сите американски сили и персоналот на Пентагон и сродните организации, агенти и команданти се идентификувани како „терористи“.
„Секоја помош на овие сили – воена, разузнавачка, финансиска, техничка, службена или логистичка – ќе се смета за соработка со терористичка организација“, се вели во предлог законот донесен од парламентот.
