|

ПРИНЦОТ ХАРИ ПРИСТИГНА ВО ВАНКУВЕР

Принцот Хари утрово пристигна во Канада, каде се подготвува да започне нов живот далеку од кралските должности и протокол.

Тој слета во Ванкувер каде го чекаат сопругата Меган и нивниот 8-месечен син Арчи. Тој имаше средба со кралицата Елизабета и високи членови од кралското семејство, на која беше договорено тој и Меган да го напуштат кралското семејство и да започнат нов живот без кралските обврски и финансиската независност, што им ја нудеше Бакингемската палата.

Од ова пролет тие и официјално нема повеќе да ги користат нивните титули и нема да ја претставуваат кралицата.

Слични Објави