|

ПУТИН: РУСИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД ЦВРСТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ВЛАСТ

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со претставници на Липецката област изјави дека на земја каква што е Русија и е потребна цврста претседателска власт. Путин смета дека е неразумно да се експериментира со државното уредување во земјата и преминот од претседателска кон парламентарна република.

Шефот на руската држава напомена дека во светот, а посебно во Европа преовладуваат парламентарните републики. „Дали е оваа примена можна кај нас?. Теоретски е можна. Дали е тоа препорачливо или не? Секој си има свое мислење за тоа. Јас мислам дека не е“, рече Путин.

Слични Објави