СЗО: ЕВРОПА СТАНУВА ЕПИЦЕНТАР НА КОРОНАВИРУСОТ
Светската здравствена организација предупреди денеска дека Европа сега претставува „епицентар“ за глобалната пандемија на коронавирусот и регистрира повеќе заразени случаи дневно отколку Кина во жариштето на епидемијата на своја територија.
„Европа сега стана епицентар на пандемијата“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција.
Тој нагласи дека потврдените над 5.000 смртни случаи низ целиот свет претставуваат „трагичен знак“ во ширењето на болеста.

