ПЕНДАРОВСКИ: НЕМА ПОТРЕБА ОД ВОВЕДУВАЊЕ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
Нема потреба од воведување кризна ниту вонредна состојба во целата земја во моментов, а изборите може да се одложат иако е донесена одлука за нивно распишување, изјави вечерва Претседателот на државата, Стево Пендаровски по средбата на Советот за безбедност во вила Водно.
„Основниот заклучок е дена во моментов нема потреба од прогласување кризна или вонредна состојба на целата територија на државата, иако Владата вечерва ќе заседава и може и други мерки да препорача. А И без седница на Совет за безбедност може да се донесат други мерки. Деноноќно се мониторира ситуацијата и јасно е дека кризата ќе трае, а мораме ресурсите кои не се издашни да ги димензионираме према потребите и ризиците“ изјави Пендаровски.

