Во Мексико продолжува картелската војна: убиени 16 лица, 11 уапсени
Пукање меѓу две конфликтни криминални групи во мексиканската држава Гереро вчера остави 16 мртви, соопштија властите.
Вчера наутро околу 5 часот, завојуваните картели се судрија во рурална, планинска област на државата, која во последните години стана бојно поле.
Локалната полиција беше затекната во нападот, двајца полицајци беа убиени, а четворица повредени, соопшти мексиканското Министерство за одбрана. Ранетите се во стабилна состојба по укажаната помош, јавува Ројтерс.
На нападот одговори и блиската база на Националната гарда, а тројца воени офицери беа ранети, соопшти Министерството. За 14 загинати се претпоставува дека се членови на криминални групи, а 11 лица се уапсени.