ЧУЛЕВ: ВО ИЗМИНАТАТА НОЌ СЕ ПРИВЕДЕНИ 192 ЛИЦА КОИ НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Мерката за ограничување на движењето не ја почитувале 502 граѓани, од кои 459 лица од 18-67. Во последните 24 часа, 94 лица не ја почитувале мерката. Поради непочитување на мерката приведени се 192 лица. Опоменати се 136 лица, а во останати случаи се преземаат дополнителни мерки, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција.
„До јавното обвинителство поднесени се 123 кривични пријави и 12 известувања со кои се опфатени 150 сторители. За мерките за самоизолација и изолација издадени се 1620 решенија за изолација од кои 90 за 24 часа 90 решенија. Во последни 24 часа нема непочитување на оваа мерка. Потпишани се 9025 изјави за почитување на самоизолацијата“, рече Чулев.

