МВР ПРИВЕЛО 17 ЛИЦА КОИ НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Во текот на изминатото деноноќие во Македонија, по однос на забраната за движење, МВР евидентирала дека 46 лица не ја почитувале полицискиот час. При тоа биле приведени 17 лица, а за останатите се изготвени записници.
Инаку, за минатите 24 часа, на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.
Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом.
