| |

Панихида за жртвите на комунизмот на 1 февруари во катедралата „Св. Недела“ во Софија

Панихида за жртвите на комунизмот ќе биде отслужена на 1 февруари од 10:30 часот во престолната митрополитска катедрала „Св. Недела“, соопштија од Бугарската православна црква (БПЦ), пренесува БТА.

Богослужението ќе го предводи Браничкиот епископ Јоан – прв викар на Софискиот митрополит, со благослов на бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Даниил.

Датумот 1 февруари е поврзан со настани од 1945 година, кога биле извршени смртните пресуди на поранешните регенти, царски советници, министри и пратеници од 25-тото Народно собрание. Овој датум за првпат се одбележува во 2011 година, кога со одлука на Министерскиот совет е утврден како официјален Ден на почит кон жртвите на комунистичкиот режим.

Слични Објави