|

(Видео) Претставување на книгата „Бугарија и Република Северна Македонија. Средба помеѓу историјата и политиката“ на проф. д-р Ангел Димитров

Проследете го претставувањето на книгата „Бугарија и Република Северна Македонија. Средба помеѓу историјата и политиката“ на бугарскиот историчар и дипломат проф. д-р Ангел Димитров, што се одржа на 27 март во Софија. Трудот на проф. д-р Димитров, кој е првиот амбасадор на Бугарија во тогашна Република Македонија и копретседател на Заедничката комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и РС Македонија ја оценува современата состојба на РС Македонија и двостраните односи со Бугарија.

Книгата е продолжение на „Република Македонија меѓу југославизмот и национализмот“, издадена во 2011 г. Водител на настанот е познатиот бугарски новинар Бојко Василев, а свои излагања имаат освен авторот на делото имаат и поранешниот амбасадор на Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов и директорот на државната агенција „Архиви“ на Бугарија доц. д-р Михаил Груев.

На промоцијата на книгата на проф. Ангел Димитров беа присутни двајца поранешни премиери на Бугарија, Филип Димитров и Марин Рајков и голем број други бугарски општественици.

Слични Објави