На 92-годишна возраст почина фудбалската легенда на Пирин Благоевград и Локомотив Софија Спиро Дебарски
Фудбалската легенда на Пирин Благоевград, Локомотив (Софија) и на бугарската фудбалска репрезентација Спиро Дебарски почина денеска на 92-годишна возраст, јавува Пиринско.
Славниот фудбалер беше дел од шампионскиот тим на „железничарите“ од 1964 година и има над 250 настапи со дресот на екипата од „Надежда“. Во Локомотив настапуваше заедно со другата легенда на клубот Никола Котков. За репрезентацијата на Бугарија забележа 24 натпревари со осум постигнати голови. Учествувал на Олимписките игри во Рим во 1960 година, а тешка повреда го извадила од составот за Светското првенство во Чиле во 1962 година.
Испраќањето на Дебарски ќе се одржи на 3 февруари од 11:30 часот во црквата „Света Софија“.
Екипата на Pirinsko.com изразува сочувство до семејството.
