ВО ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВЛАДАТА НАЈАВИ УКИНУВАЊЕ НА ЗАБРАНАТА ЗА ИЗВОЗ НА БРАШНО: СМЕ ИМАЛЕ ДОВОЛНО ЗАЛИХИ
Ќе се укине забраната за извоз на брашно што беше воведена поради вонредната состојба, одлучи денеска Министерството за економија по средбата со мелничарите.
Како што соопшти министерот Крешник Бектеши, одлуката е донесена откако е утврдено дека мелничката индустрија работи одлично во моментов, залихи има и во приватните млинови и во стоковните резерви, а увозот на пченица во целото опкружување е дозволено.
Според Бектеши, одлуката за извоз на брашно веќе се подготвува, а се очекува да биде донесена на следната владина седница.
„Согласно сите податоци, мелничката индустрија работи одлично во моментов. Се отвора простор да ја измениме одлуката за забрана за извоз на брашното која беше воведена поради вонредната состојба, рече Бектеши.

