МИРОСЛАВ ЛАЈЧАК НОВ ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Службата за надворешни работи на ЕУ соопшти дека Мирослав Лајчак и официјално е назначен за специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина како и за западниот Балкан, јавува МИА.
Во соопштението на службата се наведува дека задачата на новиот Специјален претставник на ЕУ ќе биде постигнување на целокупна нормализација на односите помеѓу Србија и Косово и подобрување на соседските односи меѓу земјите од Западен Балкан, со цел да им помогне да го надминат наследството од минатото и да придонесе за конзистентноста и ефикасноста на дејството на ЕУ во регионот.