ИСПОВЕД НА ПРЕЖИВЕАН ОД КОРОНАВИРУС: ЃОРЕ ОД ВЕЛЕС РАСКАЖУВА

„Чувствата ми се измешани. Се радувам што успеав да победам во најтешката и најважната битка во мојот живот. Се радувам што моето дете ќе живее со двајца родители. Но, жал ми што татко ми не го дочека внукот“, ја почна својата приказна Ѓоре.

Тој и неговиот татко беа меѓу првите велешани кои се инфицираа со вирусот. Мноштвото контрадикторни вести за болеста дополнително го исплашија.

„Да, признавам дека се исплашив кога ми соопштија дека тестот ми е позитивен. А кој не би се исплашил во таква ситуација. Но, знаете, отакако ќе го добиете она од што најмногу се плашите, тогаш стравот едноставно исчезнува. Тогаш се раѓа инаетот, натчовечката желбата да се борите со невидливиот непријател и да го победите“, вели 32-годишното момче. (Целата сторија прочитајте ја на www.batali.net)



Слични Објави