ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РАДОВИШ: ВО НАШИОТ ГРАД ВЕЌЕ НЕМА ЗАБОЛЕНИ ЛИЦА ОД КОРОНА ВИРУС
Утринава добивме информација од Центарот за јавно здравје-Штип дека по спроведените дополнителни тестови четворицата наши сограѓани се негативни на Ковид-19, информираше градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.
„Тоа значи дека моментно во градот и населените места нема заболени лица од коронавирусот. Лицата, кај кои претходно беше позитивен наодот за Ковид-19, на 24 април ќе добијат решение за престанок на периодот за изолација и ќе можат слободно да се вратат на своите нормални активности“, додава градоначалникот Конзулов.

