|

БРИТАНСКИ БИЗНИСМЕН ЈА ТУЖИ ВЛАДАТА НА БОРИС ЏОНСОН ЗАРАДИ КАРАНТИНОТ

Еден од најбогатите бизнисмени во Велика Британија, Сајмон Долан, најави дека ќе ја тужи Владата поради воведување „драконски“ карантински мерки за кои смета дека ја уништуваат економијата.

Долан кој е сопственик на специјализирана авиокомпанија за чартери, го известил британскиот министер за здравство Мет Хенкок за својата намера да ја тужи Владата во писмо од 22 страници.

Долан изјави за „Гардијан“ дека карантинските мерки во Велика Британија се премногу рестриктивни и се во сила многу долго и дека е крајно време да ги ублажат.

„Поради оваа ситуација, премногу луѓе ги губат своите работни места, луѓето не можат да одат на лекување, има зголемување на самоубиства и семејно насилство, се кршат човековите права, нагласува Долан во изјава за британскиот весник Гардијан.

Слични Објави