СОЛЕНИ СТАПЧИЊА СО МАСТ
Состојки:
500гр + 50гр брашно
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
150 мл млеко
20гр квасец
250гр свинска маст
1 јајце
1 белка од јајце
За премачкување:
1 жолчка од јајце + малко зејтин
Подготовка:
- Загрејте го млекото со шеќер да биде млако , потоа додадете го квасецот и оставете го да се соедини.
- Со миксер изматете ја пенесто свинската маст и додадете го брашното, измешано со шолја млако млеко со квасецот и јајцето, потоа замесете меко тесто. Жолчката од јајцето ставете ја во шолја и додадете неколку капки зејтин за да можете подоцна да ги премачкате стапчњата.
- Не чекајте тестото да нарасне, размесето го тестото со сукало около 1cm дебелина во облик на квадрат или правоаголник.
- Исечете го тестото на стапчиња, големината на стапчиња нека ви биде по желба ( можете 6cm должина и 1cm ширина)
- Стапчињата редете ги во не подмачкана тава, со 2-3mm простор помеѓу нив.
- Загрејте ја рерната на 180 степени и печете околу 15 мин, додека не поцрвенат убаво.

