ПЕНДАРОВСКИ: НОВАТА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НЕ Е ПОВРЗАНА СО ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС
Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност соопшти дека ќе донесе одлука за нова вонредна состојба во траење од 14 денови, која ќе почне да важи од утре.
„Донесувањето на оваа одлука, има за цел само да им овозможи на Владата и институциите ефикасно да се справуваат пред се со, како што рече, здравствените, но и економско-социјалните предизвици поврзани со кризата предизвикана од кононавирусот и не треба да се доведува во корелација со изборниот процес“, изјави Пендаровски.
