ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА 475 ЛИЦА СЕ КАЗНЕТИ ЗА НЕ НОСЕЊЕ МАСКА
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија за не носење на лична заштита на лице регистрирани се 475 прекршоци.
На 392 лице им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
