| |

Заев ги испокара Кумуцакос и Коѕијас

Последните јавно изнесени ставови на македонскиот премиер Зоран Заев, беа причина за нови препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција. Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија Јоргос Кумуцакос, побара одговори од владата за што точно преговара, на што реагираа од прес службата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас дека опозицијата била детално известена за грчките позиции на средбата Коѕијас – Кумуцакос, јавува Алсат М. Спорот за името на нашата земја е прекрасна тема за билдање политички поени. Тоа важи за сите инволвирани страни. Најактивни секако се двете опозициони партии ВМРО-ДПМНЕ од македонска и секако Нова демократија од грчка страна. Тие се жалат дека никој ништо не им кажува, а пак главните играчи упорно тврдат дека нема ништо скриено во текот на преговорите. Играта е јасна, а нејзиниот краен резултат се очекува да биде реми. Опозициите од двете страни на Меџитлија ги чекат своите 5 минути, бидејќи како и да заврши спорот, тие ќе бидат големите победници.

Слични Објави