ПРИВЕДЕН НАПАЃАЧОТ НА ДОКТОРОТ ВО КЛИНИКАТА ПО ТОКСИКОЛОГИЈА
Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на педијатрија.
Oд МВР информираат дека станува збор за 32 годишен маж, против кој ќе биде поднесена пријава.
„С.И. го нападнал лекарот, кој завршил со расекотини и хематом, откако лекарот му рекол дека неговото малолетно дете, со кое таткото бил на Клиниката за токсикологија, треба да се однесе на педијатрија“, информираат од МВР.
Министерот за здравство Венко Филипче уште синоќа го осуди инцидентот, велејќи дека „насилството не е решение и не смее да биде“.
Филипче ги повика институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да го санкционираат.

