ВО ДУИ НИКОЈ НЕ ПАТИ ОД СКРОМНОСТ: СЀ ШТО ВЕТИЛЕ-ИСПОЛНИЛЕ

„Повеќе работни места, повисоки плати и повисок животен стандард – ова беше и останува стратегијата на ДУИ за економски развој.

Со гордост ги објавуваме економските податоци, како растот на БДП од 3,6% во третиот квартал од минатата година, споредено со -1,8 во вториот квартал во 2017 година, задоволни сме да најавиме рекорден прилив од 741 милиони евра странски директни инвестиции за време на последниот мандат.

Но, тоа за што ние навистина сме многу посветени е нашите граѓани да имаат придобивка од овој економски успех, да се вработат што повеќе граѓани, да примат повисоки плати и да имаат подобар животен стандард.

Во последните години направивме значителни подобрувања за граѓаните, заради нашите програмски и стратешки пристапи.

Ние го реализиравме тоа што го ветивме пред последните избори.

-Нашите активни мерки за вработување создадоа повеќе од 60.000 нови работни места во последните две години, од кои повеќе од 50.000 во приватниот сектор;

-Невработеноста падна на историски пониско ниво, на 17,1% споредено со 22,1% во вториот квартал во 2017 година, кога беше формирана Владата;

-Просечната плата е зголемена за повеќе од 10% или 2.900 денари во овие две години;

-Ја зголемивме минималната плата од 9.000 денари на 14.500 денари или за 2 и пол години ја зголемивме за 60% и на овој начин обезбедивме подобар животен стандард за оние кои најмногу имаа потреба.

Зад овие важни достигнувања, што граѓаните можат да ги видат и да ги почуствуваат во својот џеб, стојат многу успешни стратешки мерки. Ние ги подобривме условите во насока на странските и домашните инвестиции.

За кратко време, потпишавме 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од тие, 12 фабрики се изградени и 22 се во изградба.

Пред две години го усвоивме Планот за економски раст, којсе спроведе во согласност со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, закон предложен од Министерството за економија.

Минатата година направивме измени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите со цел да ги исполниме барањата на бизнисот.

Вкупно 184 компании аплицираа за користење на мерките од првиот и вториот столб, а по проценката околу 170 претпријатија потпишаа Договор за финансиска помош.

Ова значи дека компаниите инвестирале 230 милиони евра создавајќи 4.577 нови работни места.

Од 2017 до 2019 година имавме рекордни СДИ од 741 милиони евра, наспроти 555 од 2015-2017 година и 457 милиони евра во периодот од 2013-2015 година.

Овој одржлив раст е резултат на нашата одржлива стратегија.

Сето ова придонесе за зајакнување на целокупната економија, намалување на невработеноста, зголемување на извозот и воведување нови технологии во процесот на производството.

Но,постои уште еден клучен фактор: политичката стабилност што ја воведовме во земјата заради членството во НАТО и перспективата за ЕУ.

Ова покажува јасно дека инвеститорите сакаат политичка стабилност и доверба, што треба да ги обезбедиме во наредните години за да го продолжиме овој успешен развој и дополнително да ги зголемиме инвестициите и создавањето на нови работни места во нашата земја.

Зголемување на вработеноста, повисоки плати, подобар животен стандард – овие се повеќе од политички вели, не е доволно да ги користиме како слогани.

Економскиот развој бара јасни концепти, стратегии и доверливост.

Изминатите години ние покажавме дека нашите концепти даваат резултати и се успешни. Овие се неспорни факти.

ДУИ успеа целосно да ја реализира својата програма- тоа што го ветивме го исполнивме.

Во следните години треба да работиме многу, треба да обезбедиме политичка стабилност и јасни концепти за да гарантираме економски успех.

ДУИ нема да се потпира само на успехот постигнат во изминатите години, ќе понудиме нови работни места, повисоки плати, подобар животен стандард. Ова е нашиот фокус: да создадеме економија од која ќе имаат корист граѓаните.

Со Вашата подршка, ДУИ успеа во целост да ја реализира својата програма, тоа што го ветивме, го спроведовме, и Ви се заблагодаруваме за дадената доверба.

Од сега, заедно се ангажираме за подобрување на квалитетот на живот, заедно за развој и работни места за сите, заедно да и кажеме крај на селективната правда преку ветингот, заедно за нашата младина како наш апсолутен приоритет и доближување на нашите стандарди со тие на Европската Унија.

Ние сработивме многу, но има уште многу да се сработи.

Ги повикуваме сите да придонесат и да работиме заедно за овие важни прашања за граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на ДУИ.