(ВИДЕО) ГДУ: ОХРИД НЕ ГО ЗАСЛУЖУВА ОВА
„Зарем Охрид го заслужува ова? Градот на УНЕСКО, бисерот балкански ?!
Ова е апсолутно недозволиво и неприфатливо, на само неколку метра од ова место има градинка во која одат нашите деца. Каква поука им даваме? Што ќе научат од ова нашите деца? А за заразите да не почнуваме ни да разговараме, сите сме свесни што може да придонесе нечистотијата.
Ги повикуваме надлежните органи да се позанимаваат со овој случај и да се санкционираат тие кои го прават ова злодело. Повикуваме и директорот на комуналното да испрати екипа и да се расчисти оваа дива депонија“, стои во соопштението на ГДУ-Охрид.