ПОМИНАА 25 ГОДИНИ ОД АНТЕНТАТОТ ВРЗ КИРО ГЛИГОРОВ
Денеска се навршуваат 25 години, откако на 3 октомври 1995 беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа нападот врз неговиот живот со тешки повреди во главата.
Во самиот атентат загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија” пред хотелот „Бристол” во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција до работното место во Собранието.
Во автомобил „цитроен ами 8″ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија” го забавило едно „фиќо”.
Се уште не се познати нарачателот и извршителите на овој атентат.
Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години од природна смрт.
