Пацоли: Границите на Косово нема да се менуваат
Опција за промена на границите на Косово немало, нема и нема да има. Територијата на Косово нема да биде поделена. Косово нема територијални претензии, кон никој од соседите. Ова го изјави косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли во одговор на прашањето дали Приштина е против промена на границите и присвојувањето на територии, од која и да било друга соседна држава. “Косово ќе биде независна држава, нема да стане дел од било која друга земја”, рече Пацоли. Тој истакна дека, официјалната политика не може да ги контролира емоциите на луѓето.

