| |

УАПСЕНАТА ДРЖАВНА СОВЕТНИЧКА НА МЈАНМАР ЈА ПОВИКА НАЦИЈАТА ДА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ПУЧОТ

Шефицата на владејачката партија во Мјанмар, Национална лига за демократија (НЛД), и државна советничка, Аунг Сан Су Чи, ја повикаа нацијата да застане против обидот за државен удар, рече таа во понеделникот во изјавата објавена на „Фејсбук“, пренесува ТАСС.

„Акциите на војската ќе ја натераат нашата земја да се врати во диктатурата. Го повикувам народот да не го прифати тоа, да одговори и од сè срце да застане против воениот удар“, рече таа.

„Ројтерс“ и „Франс прес“ претходно соопштија, повикувајќи се на портпаролот на владејачката партија на Мјанмар, Националната лига за демократија (НЛД), Мио Нјунт, дека претседателот на земјата, Вин Мајнт, и државната советничка Аунг Сан Су Чи, како и други лидери на НЛД, биле приведени. Аунг Сан Су Чи се сметаше де факто ЗА лидер на земјата.

Потоа војската на Мјанмар прогласи вонредна состојба во период од една година. Според „Ројтерс“, армијата соопштила дека одлуката е поттикната од изборните измами и додаде дека моќта му е предадена на врховниот командант на вооружените сили на Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг.



Слични Објави