ВО СОЛУН СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ ПОРАДИ КОРОНА
Грција од денеска воведува блокади во вториот по големина град во земјата Солун и во други два региона поради зголемениот број на заразени од коронавирус.
Грција од денеска воведе регионална блокада или мини карантин во вториот по големина град Солун, како и во Лариса и областа Родопи.
Во Грција во изминатите 24 часа се регистрирани 1211 новозаболени, а починати се 12 лица.
„Просечната старост на заболените укажува на тоа дека луѓето најмногу се заразуваат на собири за забава, спорт и други активности, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Никос Хардалијас.
Во Солун, Лариса и регионот Родопи од денеска ќе бидат воведени одредени блокади поради ширењето на вирусот корона.

