БРАВО ЗА КУМАНОВО! ПАРИТЕ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ОДАТ ЗА ТАБЛЕТИ ЗА СИРОМАШНИ ДЕЦА
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, соопшти дека локалната самоуправа ќе купи таблети и друга електронска опрема за учениците од ранливите семејства, со парите коишто се предвидени за новогодишно украсување на градот и правење на огномет, јавуваат локалните медиуми.
Парите предвидени за организирање на одложениот концерт на градскиот плоштад по повод Денот на ослободување на Куманово, исто така ќе бидат пренаменети за таблети и друга електронска опрема.
Како што јавува локалниот медиум Kumanovonews во изминатите години новогодишното украсување на градот и концертот за денот на ослободувањето ја чинеле градската каса 30 илјади евра
