Бугарија ќе добие 200 милиони евра за зајакнување на граничната безбедност
Бугарија ќе добие 200 милиони евра од ЕУ за зајакнување на безбедноста на бугарско-турската граница. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев при посетата на Секторот за гранична полиција во Мало Трново. Тој нагласи дека Бугарија добила гаранции дека безбедноста на бугарската надворешна граница е приоритет на ЕУ. Сите бугарски барања за техничко обезбедување се исполнети.
„Уверени сме дека во оваа сума ќе бидат вклучени сите наши барања, кои ги идентификувавме како најитни и неопходни, а тоа се изградба на 110 километри техничка поддршка, набавка на возила, и нов персонал. Тоа значи признание како за нашата работа, така и за политиката што Бугарија ја води во ова прашање.
Изразувам благодарност до службениците на Граничната полиција. Со 40% зголемен мигрантски притисок за оваа година, во првите месеци имаме 40% помалку притворени лица во однос на лани внатре во државата. Тврдењето , дека луѓето се инфилтрираат. се зголемуваат, не се точни“.
Пограничните патроли долж бугарско-турската граница веќе 3 недели се опремени со тешко наоружување. За заштита на границите се обезбедени уште 75 високо-теренски возила, а на почетокот на април ќе ги добијат средствата за набавка на нови возила, информира министерот Демерџиев.

