Комисијата за заразни болести утре или задутре треба да ги соопшти препораките за прославите на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје.
Од своја страна пак општина Крушево најави скратена, но достоинствена програма за прославување на 117-годишнината од Илинденското востание. Од таму додаваат дека годинава ќе изостанат собирањата.