|

Амбасадорката Флоренс Робин: Компромисот меѓу РСМ и Бугарија ја гарантира иднината

Сите заедно, Бугарите, Македонците, како и француското претседателство со Европската унија, работевме заедно за да може Европа да биде посилна, за историските проблеми меѓу Бугарија и РС Македонија да наидат на поголемо разбирање. Ова за БГНЕС го изјави амбасадорот на Франција во Р.Бугарија, Флоренс Робин.

„Ние бевме отворени, ги слушавме и едните и другите и мислам дека успеавме и постигнавме компромис кој ќе ја гарантира иднината и пријателството меѓу народите“, нагласи амбасадорката Робин.

Според неа, Европа во моментов мора да биде обединета пред огромните предизвици што ги носат многуте кризи со кои сите се соочуваме.

„Сега повеќе од кога било европскиот континент треба да биде заедно, сите ние треба да се здружиме за да ги надминеме сите тешкотии и предизвици со кои се соочуваме, затоа повеќе од сè е важно, иако сме различни, да бидеме обединети и да се движиме напред заедно“, повика амбасадорката Флоренс Робин.



Слични Објави