| |

Фудбалскиот клуб Спартак Варна обезбеди 200 ВИП влезници за хуманитарниот натпревар помеѓу легендите на Бугарија и Северна Македонија

Фудбалскиот клуб Спартак Варна излезе со официјално соопштение за претстојниот хуманитарен натпревар помеѓу легендите на Бугарија и Северна Македонија, јавува БГНЕС. Натпреварот ќе се одржи на 27 април на стадионот „Спартак“, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на настраданите од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

„Соколите“ објавија дека се обезбедени 200 ВИП билети по специјална цена од 50 лева за најверните навивачи. Хуманитарниот натпревар, ќе започне во 16:00 часот и претставува симбол на добрата волја и соработка меѓу двете земји.

Организатор на настанот е Фондацијата „Национали 94“ во партнерство со Општина Варна. Легендите на бугарскиот фудбал, познати како „Ѕвездите од ‘94“, ќе се соочат со легендите на Северна Македонија, носејќи порака за заедништво и солидарност. „Фудбал со кауза“ – е мотото на овој исклучителен спортски и хуманитарен настан.



Слични Објави